|
воведен текст во БРОШУРАТА Астерфест - 5 години потоа
Сунчица Уневска: ФЕСТИВАЛ КОЈ ПОСТОЈАНО РАСТЕ Астерфест е неверојатен спој на кинематографијата и поднебјето на својата земја „Астерфест“ - пет години потоа. Првото прашање кое се наметнува по повод овој мал јубилеј се однесува на она што стана негово обележје, а второто, дали за толку малку време успеа да добие на значење. Како негово најважно обележје во текот на петгодишното постоење се наметна фактот дека овој струмички филмски фестивал постојано е во нагорна линија. Тоа е нешто што се чини дека го издвои од сите други филмски фестивали во Македонија и го претвори во филмски настан на кој сериозно мора да се смета. Фестивалот кој е посветен на независните кратки и документарни филмови од Југоисточна Европа и неговиот уметнички директор Горан Тренчовски, покажаа дека понекогаш е можно и да се победи во борбата со ветерниците. И покрај сите проблеми со кои се судира еден фестивал на своите почетоци, „Астерфест“ покажа дека е можно тоа да се надмине без големи осцилации, дека е можно со леснотија да се поминат границите и да се освојат нови духовни простори, покажа дека е можно, дури и без поддршка на државата во првите години, да се опстои со многу љубов и голем влог. А што се однесува до неговото значење, за него говори сето она што тој во овие пет години успеа да го направи. А направи многу. Донесе респектабилна програма, доведе значајни филмски автори, успеа да открие неколку нови авторски имиња, ги покани македонските филмски режисери кои работат надвор од земјата, во филмската програма на волшебен начин го вплете поднебјето и сето она што е карактеристично за Струмица, создаде нови кинематички простори, привлече публика и филмаџии од поблискиот и подалечен регион, и го направи фестивалот препознатлив во Македонија, но и надвор од нејзините граници. Интересно е дека „Астерфест“ успеа да го спои навидум неспоивото односно она што сите го посакуваат, но не успеваат да го направат. А тоа е, да биде локален и посветен на македонскиот филм, но истовремено се повеќе да се шири на меѓународен план. „Астерфест“ извира од Струмица, тој ја црпи силата од својот град, од неговите жители, од неговата историја, од автентичните локалитети кои се негов нераскинлив дел. Тој се повеќе се ориентира кон промоција на македонскиот филм и на македонските автори, кон нивното откривање и поттикнување. Но, истовремено „Астерфест“ носи се поголем број филмови од с` повеќе земји, носи гости, остварува контакти, и прави портрети на значајни авторски имиња чиј придонес во светот на филмот е голем, како Рангел В’лчанов од Бугарија, Карољ Вичек од Србија, Лордан Зафрановиќ од Хрватска и нашиот автор Бранко Гапо. Во текот на пет години овој фестивал прикажа над 300 филма од 70 држави од сите страни на светот. Посебно важно за овој фестивал е токму фокусот на македонскиот филм. Имено, со неговата концепција да прикажува кратки играни и креативни документарни филмови станува значајно место каде што можат да се промовираат македонските филмови на младите автори. Имено, кратките филмови и документарците ретко одат во дистрибуција и Струмица станува нивното место од каде може да тргне и нивниот меѓународен фестивалски пат. А тука е и неговата насоченост кон откривање и поврзување со македонските филмски автори кои работат надвор. „Астерфест“ се претвора во местото каде што тие се враќаат дома, но истовремено се промовираат и на меѓународен план. Овој мал, но голем фестивал, направи многу преседани. Тој успеа од прекрасните археолошки локалитети да создаде кинематички простори. Сите гости се одушевени од античката терма во Банско, од манастирот во Вељуса. Но, интересно е дека тука не застанува, туку успева во кинематички простори да ги претвори и неверојатните места во градот, како паркот, како старото забавиште итн. Освен тоа, „Астерфест“ не трае само за време на фестивалот, кој се одржува при крај на мај, туку тој како никој друг, продолжува и трае цела година. Веќе во традиција се претворија Тивериополските филмски вечери кои се одржуваат секој месец во Струмица или репризните прикажувања на наградените филмови секоја година во рамките на летните културни манифестации. „Астерфест“ за само пет години прерасна во еден навистина необичен и оригинален фестивал, посветен на новите тенденции и алтернативни форми. Тој секоја година прави и промоција на помалите кинематографии, за што воведе и награда. Но, меѓу наградите повторно водеше сметка за сето она што ја карактеризира нашата кинематографија и нашето поднебје, бидејќи само на овој фестивал се чини тие се повеќе стануваат нераскинливо поврзани. Наградата „Ацо Алексов“ посветена на македонски автор, наградата “Златен стар проектор“ -подарок од Наќе Туфекџиев, па специјалното признание „Астер“ кое оди кај ветераните, но промовирајќи го старото име на Струмица. Веќе сите знаат за астраионското небо, веќе сите знаат за нашето културно наследство, за нашите богати локалитети, историја и традиција. Бидејќи, „Астерфест“ успеа да направи исклучителен спој и на овој филмски фестивал да му даде многу пошироко значење, кое ги поминува границите на филмот, на културата и историјата на една земја, отворајќи нови хоризонти кои дефинитивно му ја обезбедуваат иднината во годините кои доаѓаат. ОБРАЗЛОЖЕНИЕ НА ОДЛУКАТА НА ОФИЦИЈАЛНОТО МЕЃУНАРОДНО ЖИРИ НА ПЕТТИОТ ФИЛМСКИ ФЕСТИВАЛ АСТЕРФЕСТ - СТРУМИЦА Официјалното меѓународно жири на петтото, јубилејно издание на филмскиот фестивал АСТЕРФЕСТ во Струмица (27-31 мај 2009) во состав: Слободан Деспотовски, Димитар Анакиев и Милан Никодиевиќ, по гледањето на сите филмови во конкуренција едногласно ја донесе следнава одлука: Жирито му доделува Специјална диплома на македонскиот филм ЧЕДО на авторот Алјоша Симјановски, за долгогодишната истражувачка работа во третирањето на една социјално болна и секогаш актуелна тема. Во конкуренцијата за новостановената награда „Ацо Алексов“ жирито му доделува награда на краткометражниот игран филм НА ИЗГРЕЈСОНЦЕ на режисерот Ѓорче Ставревски од Македонија. Со прецизната режисерска и и драматуршка постапка авторот имајќи предвид една драма, ни открива една друга, спротивставувајќи два дијаметрално различни морални постулати. Во конкуренцијата Астердокс за краткометражен креативен документарен филм се доделува наградата СТАР ЗЛАТЕН ПРОЕКТОР за филмот БОРОВИНКИ ОД БРОД на авторот Ерик Фуско од Холандија. Со изборот на главниот јунак, кој самиот по себе е вродено талентиран актер, авторот ни го открива убавиот но и алармантно економски загрозен свет на косовските Горани. Во конкуренцијатата Астердокс за долгометражен креативен документарен филм се доделуваат БРОНЗЕНА ПОТКОВИЦА за чешкиот филм РЕНЕ на авторката Хелена Трештикова која во најдобриот манир на чешката филмска поетика пронаоѓа необична визура во долгогодишното набљудување на повеќегодишниот затворски повратник. СРЕБРЕНАТА ПОТКОВИЦА му припадна на босанскиот филм ИНФОРМАТИВНИ РАЗГОВОРИ на авторот Намик Кабил. Станува збор за интерактивен документарец кој во манирот на најдобрата традиција на документаристиката на овие простори уште еднаш го анализира неодамнешното минато и поставува многу болни прашања. ЗЛАТНАТА ПОТКОВИЦА пак или ГРАН ПРИТО оди за францускиот филм НАГОРЕ на авторот Георги Лазаревски. Овој опсервирачки документарец на европската провениенција, врз примерот на актуелните теми зборува за поразот и бесмисленоста на поделбата во современиот свет.
 ... ОБРАЗЛОЖЕНИЕ НА ОДЛУКАТА НА СПЕЦИЈАЛНОТО ЖИРИ НА ПЕТТИОТ ФИЛМСКИ ФЕСТИВАЛ АСТЕРФЕСТ - СТРУМИЦА Специјалното жири составено од проф. Стефан Сидовски – како претседател и од членовите Јагода Михајловска-Георгиева, Марија Џиџева, Јани Бојаџи и Влатко Галевски, на ден 30 мај 2009 год. во Струмица ја донесе следнава одлука: Во категорија “Мувиленд” - кратки филмови од Србија одлучи да му додели награда на филмот “Точка на прекин” на режисерот Игор Тохољ заради прецизноста и возбудливоста со која авторите отвораат една, навидум маргинална, но истовремено шокантна материја од нашето секојдневие, поради изворедното чувство за мерка и време во третирањето на документарната материја, како и поради оригиналниот метафоричен аспект со кој се збогатува наративниот од на филмот. Жирито во истата категорија доделува и специјална награда на филмот “Хелиум” на режисерот Џузепе Скетино заради иновативниот визуелен приод кон филмската материја и поетската димензија во намерата да се изразат излезот и будењето од кошмарот на војната и транзицијата. Во конкуренција на светски краток игран филм, т.е. во категоријата Глобална фикција, жирито му доделува награда на исландскиот филм “Птички” на режисерот Рунар Рунарсон како исклучително компримирана филмска нарација која на суптилен начин се трансформира од баналност до поетичност, од минимализам до универзалност, со крајна естетизираност и со топол, но и катарзичен реквиемски крешендо. Специјалното жири исто така додели специјална награда како поттикнувачки импулс на македонскиот филм “Еден” во режија на Вардан Тозија и продукција на Михајло Цветанов, како филм со евидентна комплексност во творечката постапка и со референтна жанровска посветеност и дизајн. * download-КАТАЛОГ- pdf * 
* 27.V.2009 Петтото, јубилејно издание на филмскиот фестивал Астерфест (27-31 мај) започнува вечерва, во 20,00 часот во Домот на АРМ во Струмица. Програмата се состои од педесет филмови распоредени во седум категории: Астердокс, Глобална фикција, Мувиленд, Една жена / еден филм, Посвети, Мери-Дионс и Анимирани филмови. Најголемиот број филмови ќе се прикажат премиерно во Македонија. Како и во претходните години, доминираат документарни и кратки филмски содржини. Официјално меѓународно жири составено од Димитар Анакиев, автор на документарни филмови (Словенија), Слободан Деспотовски, режисер и сценарист (Македонија) и Милан Никодиевиќ, продуцент и филмски автор (Србија) ќе одлучува за Златната Потковица (Гран При), Сребрената и Бронзената потковица помеѓу следниве креативни документарци во конкуренција: Боровинки од Брод на Ерик Фуско (Холандија), Вода и оган на Киро Урдин (Македонија), Информативни разговори на Намик Кабил (Босна и Херцеговина), Јаболка на Ахмет Тас (Германија), Нагоре на Георги Лазаревски (Франција), ОК на Блерта Зекири (Косово), Приказната за Николај на Давид Офек и Елинор Коварски (Израел), Ремек дело на Стефанос Монделос (Грција), Рене на Хелена Трештикова (Чешка) иЧедо на Аљоша Симјановски (Македонија). Во оваа главна селекција преовладуваат нишки кои директно или индиректно допираат југоисточноевропски теми или пак се правени од автори од ЈИЕ, без ограничувања во уметничката слобода на филмскиот израз. Исто така, за првпат ќе се додели наградата "Ацо Алексов" за македонски автор. Специјално жири ќе одлучува за награда за најдобар филм од програмата Мувиленд, кој оваа година опфаќа филмови продуцирани од Србија или од српски автори. Во оваа компетиција влегуваат кратките филмови: Епитаф за соништа на Филип Чоловиќ, Замокот Розалин 1937 на Маја Милановиќ, Точка на прекин на Игор Тохољ, Фантазмагорија 2008 на Растко Ќириќ и Хелиум на Ѓузепе Скетино. Исто така, ќе се додели посебна награда за најдобар светски краток игран филм. Во оваа категорија ќе се жирираат филмовите: Алиса во земјата на чудата на Мартин Валц (В.Британија/Полска), Баба отиде на Томаш Јуркиевич (Полска), Вечно лето на Михаел Руф (Германија), Јалда на Естер Џонсон (В. Британија), Моето лево око на Анамарија Цхиовеану (Романија), На изгрејсонце на Ѓорче Ставрески (Македонија), Преод на Стивен Кип Милс (САД), Птички на Рунар Рунарсон (Исланд), Украдени приказни на Мигел Техерина Алба (Шпанија) и Условно примирје на Притви Конанур (Индија). Повеќето наслови од официјалната програма имаат референци од учества на бројни филмски фестивали и се наградувани ширум светот. Во неофицијалната програма, исто така ќе има ексклузивни филмови, меѓу кои и први јавни прикажувања. Точно во 20,00 час. пред фестивалскиот кино-екран во Домот на АРМ предвиден е и краток музички настап на Драган Даутовски. На бугарскиот режисер Рангел В'лчанов свечено ќе му биде врачено признанието Астер за високи достигнувања во полето на авторскиот филм. За таа пригода е подготвен петминутен трајлер од опусот на В’лчанов, а пото ќе следуваат исландскиот краток игран филм "Птички" на Рунар Рунарсон, режисер кој има номинација за Оскар, како и францускиот документарец "Нагоре" на Георги Лазаревски, автор со македонско потекло. На отворањето на Астерфест, во ѕвезденото астраионско небо на Струмица симболично ќе бидат испукани пет ракети, во знак на петгодишниот роденден на струмичкиот филмски фестивал. По малата пауза, во 22,30 час. програмските содржини продолжуваат со новиот филм "Вода и оган" на нашиот Киро Урдин и босанскиот "Информативни разговори" на Намик Кабил, лауреат на минатогодишниот Сараевски фестивал. На фестивалот веќе пристигнаа реномирани гости и автори од повеќе европски држави. Астерфест е поддржан од Собранието на Општина Струмица и Филмскиот фонд. * 22.V.2009 Петтото, јубилејно издание на филмскиот фестивал Астерфест (27-31 мај) е подготвен за почеток. Програмата е заокружена и се состои од околу педесет филмови распоредени во седум програмски категории: Астердокс, Глобална фикција, Мувиленд, Една жена / еден филм, Посвети, Мери-Дионс и Анимирани филмови. Најголемиот број филмови ќе се прикажат премиерно во Македонија. Како и во претходните години, доминира документарни и кратки филмски содржини. Официјално трочлено меѓународно жири ќе одлучува за Златната, Сребрената и Бронзената потковица помеѓу следниве креативни документарци во конкуренција: Боровинки од Брод на Ерик Фуско (Холандија), Вода и оган на Киро Урдин (Македонија), Информативни разговори на Намик Кабил (Босна и Херцеговина), Јаболка на Ахмет Тас (Германија), Нагоре на Георги Лазаревски (Франција), ОК на Блерта Зек ири (Косово), Приказната за Николај на Давид Офек и Елинор Коварски (Израел), Ремек дело на Стефанос Монделос (Грција), Рене на Хелена Трештикова (Чешка) иЧедо на Аљоша Симјановски (Македонија). Во оваа главна селекција преовладуваат нишки кои директно или индиректно допираат југоисточноевропски теми или пак се правени од автори од ЈИЕ, без ограничувања во уметничката слобода на филмскиот израз. Посебно жири ќе додели награда за најдобар филм од програмата Мувиленд, кој оваа година опфаќа филмови продуцирани од Србија или од српски автори. Во оваа компетиција влегуваат кратките филмови: Епитаф за соништа на Филип Чоловиќ, Замокот Розалин 1937 на Маја Милановиќ, Точка на прекин на Игор Тохољ, Фантазмагорија 2008 на Растко Ќириќ и Хелиум на Ѓузепе Скетино. Исто така, ќе се додели специјална награда за најдобар светски краток игран филм. Во оваа категорија ќе се жирираат филмовите: Алиса во земјата на чудата на Мартин Валц (В.Британија/Полска), Баба отиде на Томаш Јуркиевич (Полска), Вечно лето на Михаел Руф (Германија), Јалда на Естер Џонсон (В. Британија), Моето лево око на Анамарија Цхиовеану (Романија), На изгрејсонце на Ѓорче Ставрески (Македонија), Преод на Стивен Кип Милс (САД), Птички на Рунар Рунарсон (Исланд), Украдени приказни на Мигел Техерина Алба (Шпанија) и Условно примирје на Притви Конанур (Индија). Повеќето наслови од официјалната програма имаат референци од учества на бројни филмски фестивали и се наградувани ширум светот. Во неофицијалната програма, исто така ќе има ексклузивни филмови, меѓу кои и први јавни прикажувања. Фестивалот ќе биде отворен на 27 мај, в среда, во Домот на АРМ во Струмица, со почеток во 20,00 час. Пред влегувањето на публиката, во ѕвезденото астраионско небо на Струмица симболично ќе бидат испукани пет ракети, во знак на петгодишниот роденден на струмичкиот филмски фестивал. На фестивалот треба да пристигнат реномирани гости и автори од повеќе европски држави. Првата вечер на бугарскиот режисер Рангел В'лчанов свечено ќе му биде врачено признанието Астер за високи достигнувања во полето на авторскиот филм, а за таа пригода е предвиден и краток музички настап на Драган Даутовски. Астерфест е поддржан од Собранието на Општина Струмица и Филмскиот фонд.* 15.V.2009 Рангел В’лчанов (12.10.1928) од Бугарија е добитник на овогодинешното филмско признание АСТЕР за високи достигнувања во полето на авторскиот филм во ЈИЕ и пошироко. Досегашни добитници на ова признание од претходните години на Астерфест биле Бранко Гапо, Карољ Вичек и Лордан Зафрановиќ. Режисерот В’лчанов е филмски автор на мноштво играни и документарни филмови кои досега освојувале престижни награди на фестивалите во Мелбурн, Сан Франциско, Карлови Вари, Кан, Москва. Меѓу најпознатите негови дела се филмовите На малиот остров, Лакираните чевли на незнајниот воин, Мечтател, А сега каде, Лице под маска, Индија љубов моја, Сонцето и сенката и др. Овој витален и плоден осумдесетгодишник неодамна беше прогласен за режисер број еден на дваесеттиот век од страна на своите бугарски колеги. Се очекува Рангел В’лчанов да пристигне на отворањето на фестивалот Астерфест, вечерта на 27 мај во Домот на АРМ во Струмица, кога ќе му биде врачено признанието Астер, а во таа прилика ќе биде проектиран и краток трајлер од неговиот опус. Претпладнето на 29 мај во фасцинантното предворје на Манастирот Вељуса ќе се одржи Астер портрет посветен на неговото творештво. Инаку, на овогодинешното петто, јубилејно издание на Астерфест ќе бидат прикажани околу педесет филмови во петдневната програма од 27 до 31 мај на неколку локации, а ќе има и придружен изложбено-промотивен сегмент. Во официјална компетиција ќе бидат десетина документарни филмови кои третираат југоисточноевропска проблематика и уште толку кратки играни филмови од разни држави. Покрај Астердокс и краткометражната фикција, ќе има филмови и во категориите Мувиленд (оваа година од Србија), Посвети, Мери-Дионс, Една жена / еден филм и за првпат, блок анимирани филмови. Филмските проекции ќе се одвиваат во реновираниот градски простор на Домот на АРМ, во НУЦК Антон Панов и во амбиентот на Старото забавиште. Во античката Терма во Банско ќе има и една изложбена инсталација од пликоа адресирани до струмичкиот филмски фестивал за сите овие години, со оригинални поштенски жигови и марки од близу седумдесет држави колку што досега имаат партиципирано. Исто така, ќе биде промовиран и најновиот број на Кинопис, кој содржи посебен осврт за подемот на Астерфест. Фестивалот финансиски го поддржуваат Собранието на Општина Струмица и Филмскиот фонд. Носители на фестивалската организација се продукцијата Астер фест и Тивериополската филмска алијанса, во соработка со локални и национални културни установи. Culture.in.mk Дневник Форум EkipNews * 3.V.2009 Во фаза на подготовки е јубилејното издание на филмскиот фестивал Астерфест кој петта година континуирано се одржува во Струмица. Струмичкиот филмски фестивал продолжува со интенцијата на освојување нови мултикинематички простори, поврзани со културно-уметничкото наследство на регионот и современите преокупаци на филмските автори на почетокот од третиот милениум. Профилот на интерес се креативната документаристика и кратката филмска форма, кои се повеќе земаат замав во модерната, дигитална ера на филмот во Европа. Покрај традиционалните Златна, Сребрена, Бронзена Потковица и Стар златен проектор за документарни филмови, ќе се доделат и награда за најдобар краток игран филм во светски рамки, а се воведува и посебна награда за македонски филмски автор "Ацо Алексов", доајенот на македонската филмска и ТВ режија родум од Струмица. Во последната недела од мај, на неколку градски локации треба премиерно да се прикажат повеќе филмови од многу држави, како и од македонски автори. Мотото на овогодинешниот Астерфест е "југоисточни приказни". Фестивалската програма и лауреатот на признанието Астер за животно дело ќе бидат објавени наскоро. Исто така, планирано е како еден од новитетите, завршната вечер да бидат прикажани филмови кои ги освоиле главните награди, а на самото отворање ќе бидат доделени и благодарници на заслужни субјекти за подемот на овој наш фестивал кој темелно се занимава со афирмација на филмската култура во Македонија и Светот. Досега, за сите овие години се прикажани над 300 филмови со учество на околу 70 држави од сите меридијани. Оваа манифестација ја организираат продукцијата Астер фест и Тивериополската филмска алијанса, во соработка со национални и локални културни институции. МИА Утрински весник Вечер Нова Македонија Преминпортал |