Покровители на фестивалот
 
 

досегашни лауреати  на АСТЕР

 

 Официјалното меѓународно жири на 6. Меѓународен филмски фестивал Астерфест, составено од режисерите: Боро Драшковиќ (претседател на жирито), Марија Перовиќ и Карпо Година едногласно одлучи во категоријата Астердокс за креативни документарци под 30 минути, наградата СТАРОЗЛАТЕН ПРОЕКТОР да му се додели наАлбертовата зимаво режија на Андреас Коефоед од Данска, за крајно личниот пристап кон темата за растењето при што камерата станува не само набљудувач туку и субјективен поглед на детето во вешто испреплетените документаристичко-наративни елементи за најважните прашања на постоењето. Во категоријата Астердокс за креативни документарци над 30 минути, Гран При или ЗЛАТНАТА ПОТКОВИЦА ја добиПровинција 35х45“ на режисерот Евгениј Соломин од Русија за сугестивен, визуелно-уметнички доминантен пристап на транзициското секојдневие во просторите кои се гранични во сите свои историски периоди. Забележаните фотографии на пасошите се испреплетени животни судбини на луѓе на коишто едно патување им е патување на сопствените животи и судбини. Филм кој со својата емотивност во најубав уметнички контекст покажува дека фактите се често појаки и поапсурдни од испишаната фикција. СРЕБРЕНАТА ПОТКОВИЦА му припадна на филмотДовидување, како сте?“ во режија на Борис Митиќ од Србија за необичен и консеквентен авторски пристап во кој низ контрапунктот на визуелната и аудио нарацијата суровата балканска реалност се третира на сатирично-иронично духовит и забавен начин. Наградата БРОНЗЕНА ПОТКОВИЦА му припадна на филмотПогледни го животот низ моите очина режисерката Марија Џиџева од Македонија за ангажиран третман на еден проблем во современото македонско општество, низ поетско, суптилно и вонвременско проседе. Во категоријата Глобална фикција (кратки играни филмови) на светски автори, базирани на универзални мотиви, единствената награда му се додели на филмотСакано детево режија на Даниел Виртберг од Шведска за метафоричниот и визуелно сугестивен пристап кон темата на отуѓувањето во современото семејство.

Специјалното жири во состав: Евгенија Теодосиевска, Сунчица Уневска и Влатко Галевски донесе одлука за доделување на неколку специјални награди. Наградата за најдобар краток словенечки филм во програматаМувилендму се додели наЛовец на облацина режисерот Миха Книфиц, заради супериорноста во дизајнот и суровата поетика со која ни е предочена апокалиптичната иднина. Заради опоменувачката порака до човештвото да не си поигрува со законите на природата и воспоставениот еколошки баланс.

Наградата за најдобар краток анимиран филм во програматаАнимакја добиИсповедта на Садујна Хуан Хозе Сурас од Шпанија, заради извонредниот спој на анимација и идеја, најсилната шлаканица на лицемерието на црковните канони и первертираниот морал. Вознемирувачки седум минути за колапсот на етичките принципи.

Специјално признание за анимиран филм се додели наВнатрена Иван Ивановски од Македонија, заради длабинско проникнување во интимата на душата и просторот, за постигната хроматска и графичка рамнотежа помеѓу објектите и камерата. Високософистициран минимализам.

НаградатаАцо Алексовза најдобар македонски автор се додели на Билјана Гарванлиева за филмотДевојчето што бере тутунод Германија заради чистиот филмски израз, прецизноста и топлината во кадрирањето и заради тоа што се работи за ретко креативен и истражувачки документ, како временска конекција на минатото и сегашноста. Гарванлиева го допира моментот кога времето застанува.

Специјално признание за македонски автор жирито му додели и на Јани Бојаџи за филмотКрајот на светот”, заради тоа што успева да ја долови идејата низ интересниот баланс на бои со кои постигнува визуелен ефект и конзистентност.

 

 
*
 
 
Астерфест #5
2009 (27-31 мај)

Фестивалот се одвива под мотото 'југоисточни приказни'.
Добитник на Астер – Рангел В'лчанов (1938).
Меѓународното официјално жири составено од филмските автори Слободан Деспотовски (Македонија), Димитар Анакиев (Словенија) и Милан Никодиевиќ (Србија) одлучи за наградите:
Златна Потковица – НАГОРЕ на Георги Лазаревски (Франција),
Сребрена Потковица – ИНФОРМАТИВНИ ПРИКАЗНИ на Намик Кабил (Босна и Херцеговина),
Бронзена Потковица – РЕНЕ на Хелена Трештикова (Чешка),
Специјална награда Стар Златен Проектор – БОРОВИНКИ ОД БРОД на Ерик Фуско (Холандија).
Исто така, со специјална награда-диплома (според мислењето на жирито) беше истакнат ЧЕДО на Аљоша Симјановски (Македонија).
Нововоставената Награда "Ацо Алексов" ја доби филмот НА ИЗГРЕЈСОНЦЕ на Ѓорче Ставрески.
Специјалното жири (Стефан Сидовски, Јагода Михајловска-Георгиева, Марија Џиџева, Јани Бојаџи и Влатко Галевски) за најдобар краток српски филм во категоријата Мувиленд  го прогласи ТОЧКА НА ПРЕКИН на Игор Тохољ, а  признание за најдобар странски краток игран филм (категорија - Глобална фикција) му припадна на ПТИЧКИ на Рунар Рунарсон (Исланд).
Специјални награди-дипломи (според мислењето на жирито) добија и филмовите ХЕЛИУМ на Ѓузепе Скетино (Италија/Србија) и ЕДЕН на Вардан Тозија (Македонија).

*

Астерфест #2
2006 (26-29 мај)


Добитник на Астер – Бранко Гапо (1931-2008).
Меѓународното официјално жири во состав на режисерите: Бранко Гапо (Македонија) , Мануел Цимер (Германија), Бурбуче Бериша (Косово), одлучи за следниве награди:
Златна Потковица – ПОДИГРУВАЊЕ – Политика, лајна и рокенрол на Илбер Мехмедалиу и Едон Ризваноли; продукција Дибидус/1224 (Косово)
Сребрена Потковица – СЕВДАХ – Мостот кој преживеа на Мира Ердевички; продукција Арчимболдо/ББЦ (Босна и Херцеговина/Велика Британија)
Бронзена Потковица – НОВО ЕЛДОРАДО на Тибор Кочиш; продукција Флора филм (Унгарија)
Специјална награда Стар Златен Проектор – БОИ ВО ВРЕМЕТО на Стефан Шашков; продукција Делта ползер (Македонија)

 

Астерфест #3
2007 (31 мај-4 јуни)


Фестивалот се одвива под мотото 'откривање нови кинематички простори'.
Добитник на Астер – Карољ Вичек (1941).
Меѓународното официјално жири составено од Рада Шешиќ (филмски автор, селектор и критичар, Холандија), Ветон Нурколари (уметнички фотограф и фестивалски директор на Докуфест од Призрен, Косово), Зоран Стефановиќ (сценарист и претседател на мрежата Растко од Белград, Србија), донесе одлука за наградување на:
Златна Потковица – БАБИЧКИ НА РЕВОЛУЦИЈАТА на Петра Селишкар; продукција Петра Пан (Словенија, Куба, Македонија, Холандија)
Сребрена Потковица – ШЕЌЕРЕН ГРАД: Младоженци на Кимон Цакирис; продукција Анемнон/Би-оптик/Арте/ЗДФ (Грција/Германија)
Бронзена Потковица – КРАЈНА СУРОВОСТ на Росен Елезов; продукција Б плус (Бугарија)
Специјална награда Стар Златен Проектор – ДЕВОЈЧЕТО СО ХАРМОНИКА на Билјана Гарванлиева; продукција Гебрудер Бец (Германија)
Жирито на критиката (Влатко Галевски, Илинденка Петрушева, Благоја Куновски) за најдобар краток албански филм во категоријата Мувиленд го прогласи НАПУШТЕН РАЈ на Ено Милкани; продукција Б и Г филм про

 

Астерфест #4
2008 (27/28-31 мај)


Фестивалот се одвива под мотото ’безгранични филмски видици’, во знак на 90-годишнината од првата официјална филмска проекција во Струмица.
Добитник на Астер – Лордан Зафрановиќ (1944).
Меѓународно официјално жири составено од филмски автори со кое претседаваше Лордан Зафрановиќ (Чешка) со членовите Антонио Митриќески (Македонија) и Илир Харџи (Албанија) одлучи за наградите:
Златна Потковица – ПРОБЛЕМОТ СО КОМАРЦИТЕ и други приказни на Анреј Паунов; продукција Агитпроп (Бугарија)
Сребрена Потковица – ДОМА на Ѓорче Ставрески; продукција Локомотива (Македонија/Хрватска)
Бронзена Потковица – СРПСКИ ШАЈКИ на Димитар Анакиев; продукција ДАФ (Словенија)
Специјална награда Стар Златен Проектор – ТОНЕЧКО СЕЛО на Мартон Ширмај; продукција Инстант филмс (Унгарија)
Исто така, со диплома беа пофалени режисерката на "Аце Слеш" Фросина Наумовска, снимателите на "Дома" Јосип Иванчиќ и Димо Попов и филмот "Скали" на Илир Харџи.
Специјалното жири (Илинденка Петрушева, Љупчо Стојановски, Влатко Галевски) за најдобар краток романски филм во категоријата Мувиленд  го прогласи БРАНОВИ на Адријан Ситару, а нововостановеното признание за најдобар странски краток игран филм му припадна на БОЛЕН на Мајк Ример; продукција Печворк, Велика Британија.