Покровители на фестивалот
 
 

досегашни лауреати  на АСТЕР

 

Иницијатор и основач на оваа интернационална филмска манифестација е режисерот Горан Тренчовски. Идејата е промовирана на 28 мај 2005, во рамките на отворениот симпозиум „Старите ѕвезди на новиот екран“ во локалот Ловиште во Струмица.

Иницијативата е топло поддржана од група интелектуалци и филмски работници, а првото промотивно ревијално издание се одржа 24-26 јуни 2005.

Организатор на филмскиот фестивал Астерфест е Тивериополската филмска алијанса со седиште во Струмица, во партнерство со филмската продукција Астер фест, а во соработка со струмичките национални и локални културни институции. Фестивалот интерактивно остварува програмска соработка и со Кинотеката на Македонија, како и со 15 ротирачки фестивалски и продукциски субјекти од странство, потписници на меморандумот за соработка.

Првите две години фестивалот речиси не добива субвенциии од државата, а последните години е помогнат од Министерството за култура, од Собранието на општина Струмица и од повеќе амбасади.

Се одржува редовно секоја година, вообичаено на крајот од мај.

Компетитивни се категориите Астердокс (за креативни документарци над и под 30 минути), кратките играни творби од рецентната светска продукција, кратките филмови од категоријата Мувиленд (која секоја година претставува различна држава), како и анимираните филмови.

Гран прито е Златна потковица, се доделуават и Сребрена и Бронзена потковица, како и Старозлатен проектор. Исто така, се доделуваат и награди за најдобар краток и анимиран филм, како и наградата Ацо Алексов за најдобар македонски автор.

Почесните признанија се плакетата АСТЕР и други специјални признанија на ТФА за етаблирани филмски творци.